Спас за 37.000 должници: Владата го усвои законот за „швајцарците“

Нацрт законот за конверзија на станбените кредити индексирани во швајцарски франци е усвоен денеска на седницата на Владата на Република Србија.

После тоа, предлог законот ќе биде упатен во собраниска процедура.

Министерот за финансии Синиша Мали истакна дека со овој „lex specialis“ се решава проблемот кој постои повеќе од една деценија, како и тоа дека му претходеле тешки преговори, но дека е пронајдено компромисно решение.

„Овој „lex specialis“ е компромисно решение помеѓу неколку заинтересирани страни – граѓаните, односно здруженијата кои ги претставуваат, банките и државата од трета страна“, вели Мали.

Тој вели дека разговорите воопшто не биле лесни.

„Сепак успеавме да најдеме компромис и најдобро можно решение за сите три страни. Со овој нацрт закон се опфатени сите корисници на кредити кои и натаму беа задолжени во швајцарски франци, без оглед на виснината на долгот“, рече министерот.

Предвидено е остатокот од долгот да се конвертира во евра и дека износот добиен со конверзијата е намален за 38%.

„Дополнително олеснување претставува и фактот дека пресметката на конверзиајта се врши без казнена камата“, истакна Мали и им се заблагодари на учесниците во преговорите.

Со нацрт законот е предвидено каматната стапка да не биде поголема од 3,4 плус тромесечен или шестмесечен „EURIBOR“, односно фиксна каматна стапка која не може да биде поголема од 4 проценти.

Во рок од 30 дена од влегување на сила на овој закон, банките се должни да им достават на корисниците понуда за склучување на договор.

Доколку прифатат конверзијата на стамбениот кредит да се изврши во склад со овој закон, корисникот е должен во рок од 30 дена од приемот на договорот да ја извести банката и со истата да склучи договор за конверзија.

Со нацрт законот ќе биде овозможено да се реши проблемот на околу 16.800 лица кои се задолжени во швајцарски франци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот