Спас од комарците со природни средства кои сигурно ги имате дома

pixabay

Симптомите што се појавуваат по каснување од комарец, болка, чешање, оток, се карактеристични симптоми на локална алергиска реакција. Но ако чешањето се појави на целото тело, за таква реакција треба да се побара лекарска помош.

За поблагите реакции, како што е вообичаеното чешање, можете да го употребите следново:

Мед – ако не ви пречи чувството на лепливост на кожата, медот делува противвоспалително и може да го смири чешањето.

Млеко и вода – Помешајте иста количина млеко и вода и во тоа потопете чиста ткаенина. Со неа пребришете го подрачјето на убодот и ќе го смирите чешањето.

Лимон – Ќе ве ослободи од чувството на чешање, ама не го користете ако планирате после тоа да поминете извесно време на отворено, односно ако бидете директно изложени на сонце.

Паста за заби – Повеќето пасти за заби имаат вкус на нане, што создава чувство на ладење на кожата. Состојките во пастата за заби ќе помогнат во намалување на отокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот