„Spanx“ ги оформува нештата: Секој од вработените доби награда од 10 илјади долади и две повратни авионски карти

спанкс
Фото: Принтскрин / Instagram

Основачот на „Spanx“, Сара Блејкли, продаде поголем дел од акциите во компанијата за 1.2 милијарди долари. Но придобивката од продажбата не ја задржа само за себе, туку одлучи да ја сподели со вработените, за кои таа вели дека дека биле клучен елемент за да се постигне овој успех.

Секој од повеќе од 500-те вработени во „Spanx“ ќе добијат два билети со авио-компанијата Делта до било каде во светот, заедно со 10 илјади долари кои би ги покриле патничките трошоци.

„Навистина би сакала секој од вработените да го прослави овој момент на нивен личен начин и да создадат спомен кој ќе им трае доживотно“, изјави Блејкли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Blakely (@sarablakely)

Компанијата беше создадена во 2000 година од страна на Блејкли, со само 5 илјади долари заштеда од продавање факс машини од врата до врата. Спенкс ја имаше главната улога на превзимање на контролата врз женската долна облека и пренесување во рацете на женскиот свет.

По две декади од лансирањето на овој пионерски бренд на женска облека, глобалната фирма „Blackstone“ го откупи мнозинскиот дел во Спенкс, зделка која се вреднува 1.2 милијарди долари.

„Зошто го вртам светот?“, запраша Блејкли по финиширањето на зделката во објава на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SPANX (@spanx)

Тоа е затоа што секој од нејзините вработени доби можност да патува низ светот.

„Знаете, ако сте на патување, може ќе посакате да одите на навистина убава вечера, може ќе сакате да одите во навистина добра хотел. Па со двата билети во прва класа за било каде во светот, секој од вас ќе добие 10 илјади долари“, објави Блејкли

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Blakely (@sarablakely)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот