Спалети воодушевен од Елмас: Во тимот имам феномен

EPA-EFE/CESARE ABBATE

Екипата на Наполи во следната сезона ќе биде предводена од Лучано Спалети кој доаѓа на местото на Џенаро Гатузо, а новиот тренер на стартот од подготовките не крие дека е импресиониран од македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Спалети на отворениот ден на екипата, на новинарите и на навивачите кои му поставуваа прашања им откри дека во Наполи има „феномен“ кој не може секој да го разбере.
– Не можете да ги разберете карактеристиките на Елмас, зашто ги има премногу. Зашто може да го користите каде сакате – одговори Спалети.

Според Спалети, Елмас ќе биде важен играч во неговите замисли, што е сосема спротивно од Гатузо, кој немаше голема доверба во квалитетите на македонскиот репрезентативец. Новиот тренер најави дека Елмас ќе игра како класичен плејмејкер во формацијата 4-2-3-1.

Елмас е фудбалер кој буквално може да игра каде сакате. Ние пред себе имаме нешто навистина исклучително, кога ќе ги погледнете сите негови квалитети и карактеристики. Веројатно се соочуваме со феномен. Тој е важен играч за кого јас многу добро знам каде ќе биде во тимот. Мислам дека најдобро ќе биде да е вистински фудбалер за врска, зашто секогаш е поврзан со топката, иако се чувствува добро во секоја улога – дополнува Спалети.

На стартот од контролните натпревари, Наполи славеше со 12:0 против нисколигашот Ауниа, а Елмас го даде првиот гол и асистираше при постигнувањето на уште два гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот