„Space Jam: A New Legacy“: Финансиски успех, остри критики од носталгичарите

спејс џем space jam michael jordan lebron james
ФОТО: Инстаграм

Филмот „Space Jam: A New Legacy“ доживеал голем успех со заработка од 31,6 милиони долари на првиот викенд на отворање и се искачил на првото место во северноамериканскиот „бокс-офис“, пренесува „BBC“.

Кошаркарскиот-анимиран филм кој е „продолжение“ на оригиналот од 1996 година со Мајкл Џордан во главната улога, ја следи ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс, заедно со ликовите на „Looney Tunes“, кајшто го спасува својот син.

Новото продолжение на класичниот филм беше мета на остри коментари во кои критичарите и публиката ги споредуваат филмовите, а со нив и кошаркарите Џордан-Леброн, но самото постоење на „Space Jam: A New Legacy“ е победа за Леброн Џејмс. Да се ​​биде доволно значаен културолошки за да се издигне филмот на број еден на „бокс-офисот“ не е мал подвиг. Тој е играчот на неговата генерација со „ѕездена моќ“ да го постигне тоа. Затоа и постои дебатата Леброн-Џордан, пренесува „Sports Illustated“. Покрај критиките од возрасните, филмот доживеал голем успех кај децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LeBron James (@kingjames)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот