СП: Последна шанса за Нуров да обезбеди олимписка норма!

facebook/Wrestling-БОРБА-Борење-Macedonia

Погледите се насочени кон Светското првенство во борење кое што се одржува во Казахстан, каде најдобрите шест борачи на планетата ќе добијат олимписки норми.

Во категоријата 97кг на стартот македонскиот борач Магомедгаџи Омардибирович Нуров триумфираше со резултат 9:1 против натпреваруачот од Египет, Хосам Мохамед Мостафа Мергани.

Потоа, Нуров триумфираше и во осминафиналето, со 7:2 славеше против претставникот од Венецуела, Хозе Даниел Диаз Роберти.

Во четвртфиналето загуби со 0:6 од Русинот Абдулрашид Садулаев, а најавите велат дека ќе следува репасаж против Чебан од Молдавија што ќе биде последна шанса за Нуров да обезбеди олимписка норма за настап на Игрите наредната 2020 година во Токио.

Освен Нуров, дел од СП беа уште тројца наши учесници, Владимир Егоров, Фати Вејсели и Елмедин Сејфулаху. Сите на стартот доживеаја порази, Егоров (57кг) загуби од Американецот Фикс со технички туш, потоа Вејсели поразен од Словенецот Хабит, а Сејфулаху совладан од Туркменистанецот Хоџаков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот