СП Египет: Светскиот и европскиот шампион во меѓусебна борба за финале

epa08969687 Spain's Viran Morros De Argila reacts during the quarter final match between Spain and Norway at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 27 January 2021. EPA-EFE/Khaled Elfiqi / POOL

Денеска се играат двата полуфинални натпревари на Светсткото првенство во ракомет, а во кое пласман во големото финале ќе бараат четири европски репрезентации. Во првото полуфинале ќе играат Франција и Шведска (17.30 ч.), додека во второто полуфинале се среќаваат Шпанија и Данска (20.30 ч.).

И двете репрезентации, Франција и Шведска на Мундијалот во Египет пристигнаа без неколку стандардни репрезентативци, Карабатиќ е отсустен кај триколорите додека „трите круни“ играат без дури девет ракометари, но сепак успеаја да се најдат меѓу четирити најдобри.

Традицијата на меѓусебни пресметки на Мундијалите е тотално на страната на Франција која славеше на дури девет од претходните 10 дуели со Шведска.
– Тие се големи фаворити, но ние нема да играме на овој натпревар за да загубиме туку да победиме – изјави селекторот на Шведска, Глен Солберг.

Пред денешното полуфинале, селекторот Жил остана и без двајца клучни ракомеарите, Нгесан и Лука Карабатиќ.
– Најдобрите ракометари на Шведска не се на Мундијалот, но нивната репрезентација успеа да се пласира во полуфиналето и тоа значи дека не смееме да ги потцениме – вели Кентан Мае, кој игра одлично на Мундијалот.

Далеку поголемо внимание предизвикува второто полуфинале во кое ќе играат актуелниот светски против актуелниот европски шампион, Данска против Шпанија.
Шпанците играат фантастично во Египет, додека Данска во најлудиот натпревар во историјата на светските првенства дури по пенал рулетот го победи домаќинот откако претходно и двете репрезентации пропуштија шанса да слават.

– Данска е репрезентација полна со фантастични ракометари, иако сите ги истакнуваат Ландин и Хансен, тие се многу повеќе од тоа. Имаат одлична одбрана, а како и сите скандинавски репрезентации имаат и одлични крила. Што се однесува до нападот, не смееме да ги губиме топките и да им дадеме шанса да изведуваат контри. Промашувањата мора да ги сведеме на минимум, а во одбраната мора да бидеме агресивни. Едноставо мора да одиграме совршено за да ги победиме – смета поранешниот вардарец, Жоан Канељас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот