СП Египет: Ракометарите на поправен против домаќинот

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (18 ч.) во второто коло од Светкото првенство ќе игра против Египет и ќе се обиде да го поправи впечатокот од првиот натпревар.

Ракометарите на стартот загубија со убедливи 20:32 од Шведска во натпревар во кој потфрлија во сите елементи од играта и за тоа и самите се свесни.

– Тоа што влеговме како замена за Чешка во последен момент не треба да биде изговор, бидејќи и противниците во последен момент дознаа дека ние доаѓаме. Не покажавме буквално ништо. Мора да го заборавиме дуелот со Шведска за да одиграме добро против Египет и Чиле. Треба да покажеме зошто сме тука. Ќе тргнам од мене, иако Египет е фаворит мора да се покажеме во одбраната, а за неа треба да имаш мадиња. Не може да немаш срце, да не направиш фаул во сите 60. минути, тоа е недозволиво – вели Филип Кузмановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот