СП Египет: Чупиќ ги спаси Хрватите од срам, само бод за „коцкестите“

Актуелниот европски шампион Хрватска го приреди најголемо изненадување на стартот од Светското првенство играјќи нерешено 29:29 против Јапонија.

Од тотален срам, Хрватска ја спаси вардарецот Иван Чупиќ кој постигна гол од пенал во последните секунди од натпреварот. Интересно е што „коцкестите“ само еднаш водеа на натпреварот и тоа со 1:0.

Ракометарите на Јапонија кои од клупата ги предводи Исланѓанецот Дагур Сигурдсон одиграа фантастичен натпревар, водеа постојано, а на одредени моменти имаат дури и шест гола предност (16:11), но сепак, Хрваска на одмор замина само со минус три.
Во второто полувреме, Хрватите заиграа дакеку подобро, успеаја да дојдат до ирамнување (23:23), но не можеа да го решат натпреварот иако имаа неколку шанси.
Во последната минута, Јапонија поведе со голот на Јошина, но Хрватска во последниот напад успеа да изнуди седмерец кој успешно го реализираше Чупиќ.
Најефикасен кај „коцкестите“ беше Марино Мариќ со седум гола, додека Домагој Дувљак и Лука Циндриќ постигнаа по четири, а кај Јапонија Јуто Агари даде пет гола, а Хироки Мотоки постигна четири.
Во првиот натпревар од групата Ц, Катар ја совлада Ангола со 30:25.

Без победа на стартот од Мундијалот остана и европскиот шампион Шпанија која исто така во последните моменти од натпреварот се спаси од пораз играјќи 29:29 против Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот