фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

СП 2025: Унгарија триумфираше над Австрија и е во „пол-позиција“ за четвртфинале

Заврши и второто коло од главната фаза во групата 2 на Светското ракометно првенство, репрезентацијата на Унгарија со 29:26 ја совлада Австрија.

Во текот на првото полувреме Австријците неколку пати имаа и предност од „плус три“ (11:8, 12:9).

Но, во вториот дел Унгарците направија пресврт и дојдоа до важен триумф и сега скокна на втората позиција што ги остава во „пол-позиција“ за влез во четвртфиналето.

Во победничките редови доминираше Родригез со осум голови, а на спротивната страна шест погодоци запиша Фримел.

Франција која е веќе во четвртфиналето и не може да биде загрозена нејзината прва позиција на табелата се наоѓа на врвот со осум бодови.

На второто место е Унгарија со пет бодови, пред Македонија и Холандија по четири, Австрија има три, а Катар е без бодови.

Македонија ги одржува шансите за пласман во четвртфиналната фаза, а за тоа да се случи потребно е во последното трето коло да ја совлада Франција, потоа Унгарија да загуби од Катар, а Австрија да триумфира против Холандија или мечот да заврши без победник.

Трето коло, двојки (25 јануари)

15.30 часот Холандија – Австрија
18.00 часот Катар – Унгарија
20.30 часот Франција – Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот