фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

СП 2025: Унгарија славеше против Катар, Македонија ги загуби шансите за четвртфинале

После ремито помеѓу Холандија и Австрија, ракометната репрезентација на Унгарија со 29:23 славеше против Катар на Светското првенство во рамките од главната фаза.

На тој начин Унгарците заедно со Франција од групата 2 обезбедија пласман во четвртфиналето.

Воедно Македонија со овој триумф на Унгарија ги загуби сите шанси да биде меѓу најдобрите осум селекции на Мундијалот.

Третото коло од оваа група ќе биде комплетирано вечерва од 20.30 часот со натпреварот меѓу Македонија и Франција.

Победа ќе ни донесе пласман помеѓу деветтото и 12 место на Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот