фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

СП 2025: Франција ја совлада Холандија, сега Македонија е втора во групата

Француската ракометна репрезентација продолжува со успешниот настап на Светското првенство откако денеска во својот втор од главната фаза ја совлада Холандија со 35:28.

Со овој триумф француските ракометари го обезбедија пласманот во четвртфиналето, а главната фаза ќе ја завршат со мечот против Македонија в сабота од 20.30 часот против Македонија.

Македонската селекција после победата над Катар и триумфот на Франција сега е втора на табелата во групата 2 и ги одржува шансите за влез во четвртфиналната фаза.

Табела: Франција 8 бодови, Македонија 4, Холандија 4, Унгарија 3, Австрија 3, Катар 0.

Потсетување дека вечерва треба да се одигра уште еден меч од второто коло во оваа група, од 20.30 часот Унгарија ќе игра против Австрија. А доколку заврши реми овој меч, Македонија ќе остане на втората позиција во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот