СП 2023 | Вујовиќ: Македонија можеби нема да направи сериозен резултат, но ќе биде тежок ривал за сите

Веселин Вујовиќ
фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација в петок (20.30 часот) против Норвешка ќе го започне настапот на Светското првенство кое се одржува во Полска и Шведска.

Нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров се веќе во полскиот град Краков каде ќе ги играат натпреварите од групата „Ф“ од прелиминарната фаза. Во групата се наоѓаат и репрезентациите на Холандија и Аргентина.

Голем број ракометните тренери и експерти веќе ги споделуваат своите размислувања, предвидувања, околу тоа колку далеку би стигнале учесниците на Мундијалот и кои се фаворитите. Свој коментар за „Спортски Журнал“ имаше поранешниот тренер на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ (селектор на Иран) одговори на прашањето што можат поранешните југословенски републики на СП.

– Србија, за првпат, по моите критериуми, доаѓа меѓу репрезентациите кои можат да направат изненадување. Хрватска по правило кога оди на големи натпреварувања се соочува со повреди. Повторно им недостигаат неколку многу важни играчи… Кога е комплетна, па и кога не е, секогаш е сериозен и вистински репрезент на балканскиот ракомет. Со години е заштитен знак на овој дел од светот. Се надевам дека сега може и Србија, затоа што се „слушна“ тој резултат од Шведска. Црна Гора одигра два сериозни натпревари во Катар. Словенија победи и загуби од Унгарија. Македонија направи смена на генерации, можеби нема да направи сериозен резултат, но ќе биде тежок противник за сите. Играат модерен ракомет, но на тие деца им треба време. Сигурен сум дека македонската јавност тоа го знае и ќе ја има нивната поддршка. Црна Гора има многу силен патриотски мотив – вели Вујовиќ.

Вујовиќ со Словенија пред шест години освои бронза на СП 2017.

– Се провлекоа низ „иглени уши“, беа елиминирани во баражот од Србија, но добија вајлд-карта и шанса да се покажат. Меѓутоа, има голем број на откази кои не се објаснети, но тие се репрезентација која може да игра против секого ако го сложи својот карактер и не губи натпревари уште пред да почне, бидејќи тоа често се случува кај нив. Имаат квалитет гледано по позиции – откритието на ЛШ, Алекс Влах, најдобар стрелец, мојот играч од Копер и Загреб, потоа Дејан Бомбач, Блаж Јанц, Јуре Доленец, Благотиншек… Имаат група со домаќинот. Полска, а тука никогаш не можеш да бидеш фаворит, па Французите – се зборовите на Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот