СП 2023: Шпанија по четири продолженија ја елиминира Норвешка, Данска ја прегази Унгарија

Фото: EPA-EFE/Adam Warzawa

Aктуелниот светски шампион Данска без проблеми ја победи Унгарија со 17 разлика (40:23) во четвртфиналето и ќе игра полуфинале на Мундијалот, додека Шпанија во драматична завршница го доби дербито со Норвешка (34:35).

Данците доминираа од самиот почеток до крајот на натпреварот, во ниту еден момент унгарските ракометари не можеа да се понадеваат на позитивен исход од оваа средба. Предноста на Данска растеше од минута во минута и прашање беше само со колкава разлика ќе слават.

Најефикасен со девет гола беше Гидсел, Птилик додаде седум, а Киркелоке шест. За Унгарија Бодо постигна шест, а Лекај пет гола.

Крајно неизвесна битка до последниот момент гледавме на средбата помеѓу Норвешка и Шпанија. Највисоката разлика која една селекција ја имаше во овој меч беше три гола водство и тоа на стартот од натпреварот кога Норвежаните поведоа 5:2.

Одличен ракомет играа и двете репрезентации, па така натпреварот го однесоа во продолженија каде што во клучните моменти подобро се снајдоа ракометарите на Шпанија кои до победата дојдоа по дури четири продолженија од по пет минути. Херој во победата на Шпанија беше голамнот Де Варгас со 16 одбрани, а во решавачките моменти клучните голови ги постигна Даниел Душебаев.

Видео на денот