СП 2022: Меси против Модриќ, официјалните стартни состави на Аргентина и Хрватска

Лионел Меси и Лука Модриќ се сретнаа на СП 2018 Русија/фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Репрезентациите на Хрватска и Аргентина од 20.00 часот ќе играат во првото полуфинале на Светското првенство во Катар.

Хрватите играат за своето второ финале по ред на Мундијалите, а Аргентинците ќе се обидат по шести пат да се најдат во битката за титулата.

Од една страна „коцкестите“ го имаат искусниот Лука Модриќ, а „гаучосите“ Лионел Меси за кој овој Мундијал е последна шанса да стигне до тронот.

Победникот од вечерашната пресметка во големото финале ќе игра против подобриот од второто полуфинале Мароко – Франција.

Официјалните стартни состави на Аргентина и Хрватска –

Аргентина: Е. Мартинез, Таљафико, Ромеро, Отаменди, Молина, Паредес, Де Пол, Мек Алистер, Фернандез, Алварез, Меси. Селектор: Лионел Скалони.

Хрватска: Ливаковиќ, Ловрен, Соса, Гвардиол, Јурановиќ, Ковачиќ, Модриќ, Брозовиќ, Перишиќ, Крамариќ, Пашалиќ. Селектор: Златко Далиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот