Создадете нова слика за себе со овие вежби за самодоверба!

pixabay

Дали спаѓате во онаа група на луѓе кои се несигурни во своите постапки? Дознајте како да стекнете самодоверба и животот ќе ви се промени.

Некои луѓе имаат голема самодоверба и чекорат храбро низ разни животни предизвици, без разлика на тоа дали имаат знаење или вештина. Од друга страна, постојат луѓе кои имаат одредени квалитети и истовремено не се сигурни во себе, се плашат да преземат чекор да не направат грешка.

Насликајте ја новата слика за себе и испробајте ги овие вежби за самодоверба:

  1. Немојте да се споредувате со другите. Сите сме различни и некои работи ги правиме подобро, а некои полошо. За жал, многу поретко се споредуваме со другите за она што знаеме да го правиме, а многу често наоѓаме „влакно во јајце“ споредувајќи се со другите за она што не ни оди баш од раце. Ова е сигурно најдобар начин како да се стекне самодоверба – наместо да се споредувате, поминете на вториот чекор.
  2. Истакнете ја својата автентичност. Имате некој талент? Истакнете го во прв план и сокријте ги своите недостатоци зад него. Ниту можете да живеете во туѓа кожа, ниту пак секогаш на сите ќе се допаднете. Ако очекувате дека ќе ги воодушевите сите, тогаш имате нереални очекувања. Можете да бидете принцеза, но тоа не значи дека сите ќе ве сакаат. Прифатете го тоа и негувајте го она што е најубаво во вас.
  3. Променете го аголот на гледање. Да, звучи здодевно, и сто пати повторено, но точно е. На грешките може да гледате како на лоши потези во животот кои ја докажуваат вашата неспособност и ја нарушуваат вашата самодоверба. Но ако го смените аголот, грешките можат да бидат вредно искуство и лекција и можете на нив да гледате како на начин да не згрешите повторно кога ќе се појави нова прилика.
  4. Бидете позитивни, секогаш кога ќе се фатите себе како размислувате дека нешто не можете да направите, потсетете се на тоа што се можете и во што сте добри. Размислувајте за наградите наместо за тешкиот пат до нив.
  5. Замолчете го критичарот во вашата глава! Дали ви се чини дека на едната раменица секогаш ви седи едно ѓаволче кое ви шепоти дека не сте доволно добри, способни и дека не треба ништо да почнувате. Не ли е здодевен? Тоа е вашиот внатрешен глас. Зашто едноставно не му кажете на тоа ѓаволче да замолчи веќе еднаш!
  6. Почнете да ги остварувате целите. Сите имаат некакви цели во животот. Сите тежнееме да бидеме среќни, вљубени, богати. Додека некои само зборуваат за таквите цели, други ги остваруваат. Како да стекнете самодоверба на овој начин? Еве пример: Сакате да започнете добра врска? Направете чекор за да го привлечете човекот кој ви се допаѓа и свртете го вниманието на себе. Ако чекате тој случајно да ве забележи, можеби тоа никогаш нема да се случи. Ист образец може да примените и на деловни прилики. Кога ќе видите дека ги остварувате целите, чувството на вредност ќе порасне и ќе бидете горди на себе.
  7. Прифатете ги своите недостатоци и работете на себе. Сите имаат недостатоци. Не дозволувајте да ве кочат туку најдете начин како да ги надминете. Тежнејте кон тоа да бидете подобри, да стекнете знаење и искуство. Дури и ако не успеете во некои намери, полесно ќе го поднесете вашиот пораз кога знаете зошто настанал и каде треба да ја поправите грешката. Ослободете се од перфекционизмот. Ќе застане ли светот ако тоа што вие го направите не е совршено? Може ли некогаш тоа да биде само доволно, добро? Па, што и ако погрешите!
  8. Помогнете некому. Ова е двојно добро и одличен брз начин да стекнете самодоверба. Ем ќе направите добро дело за некого, ем ќе пораснете во сопствените очи и ќе се чувствувате повредно.
  9. Опкружете се со позитивни луѓе кои ќе ви пружат поддршка. Луѓето кои постојано ве критикуваат се енергетски вампири и треба да ги избегнувате. Позитивните и успешни луѓе можат да бидат мотивација кога ќе се угледате на нив. Внимавајте сепак, да не паднете во стапица и да почнете да се споредувате со нив!
  10. Соочете се со вашите стравови. Тоа што се плашите од неуспех, нужно не значи дека имате и причини за страв. Не е лесно да се погледне в очи стравот. Но преизвикајте го. Впуштете се во ризик, бидете љубопитни, пробајте нешто ново и повремено излезете од зоната на комфорот. Тоа е одлична вежба за самодоверба која можеби ќе ви открие некоја друга, многу поубава и покомфорна зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот