Создадена маска која за 90 минути го открива коронавирусот во здивот

Фото: МИТ

Тим на истражувачи од Институтот за технологија во Масачусетс и Универзитетот Харвард дизајнирале прототип маска која го открива присуството на коронавирусот во здивот.

Технологијата се заснова на сличен начин за дијагностицирање ебола и зика вирусот, која кон средината на минатата декада ја разви професорот за инженерство на МИТ, Џејмс Колинс.

Колинс подоцна создаде систем од сезнори за детектирање на нуклеински киселини. Неговиот тим на научници веќе работеше на развој на преносливи сензори, како маски, кога изби пандемијата на коронавирусот минатата година.

Заради тоа, тие ги насочиле своите напори кон создавање на маски кои откриваат ковид-19, а напредокот во тоа поле го објавија во медицинското списание „Nature Biotechnology“.

Сензорите, пригодно наречени „шерлоци“, се поставени во маската за да можат да ги откријат честичките на вирусот во здивот. Оној кој носи маска мора да притисне копче кое го започнува процесот на тестирање.

Резултатот е подготвен во наредните 90 минути и видлив само за внатрешната страна на маската, заради приватност.

„Замислуваме дека овој систем би можел да стане пренослив био-сензор за медицинските работници, пожарникари, полицајци и другите јавни службеници“, истакна Колинс за МИТ њуз.

Извор: Вијести.ме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот