Совршено за макање со бел леб: Рецепт за сос од маслиново масло со зачински билки

маслиново масло
Фото: Unsplash

Добриот домашен леб совршено оди со сос врз база на маслиново масло. Комбинацијата е уште поубава и повкусна кога маслиновото масло се ароматизира со свежо сечкан лук и зачински билки и се оплеменува со малку рендан пармезан.

За да биде сосот вкусен, важно е да користите висококвалитетно маслиново масло, а за целиот процес ви се потребни само пет минути. Сите состојки се сечкаат, се рендаат и се мешаат со маслиново масло и веднаш се ставаат на маса.

Ако не сте љубители на макање, сосот можете да го премачкате врз исечкан леб како багет и кратко да го испечете во рерна.

Состојки:

– 70 милилитри квалитетно маслиново масло
– 25 грама рендан пармезан
– 2-3 чешниња лук
– ½ лажичка сушено оригано
– ½ лажичка снегулки црвен пипер
– сол и бибер по желба

Подготовка на ароматизирано маслиново масло:

Во сад сипете го маслиновото масло, додајте ги сечканиот лук, ренданиот пармезан, сувото оригано и снегулките црвена пиперка. Сè добро измешајте.
Зачинете со сол и бибер по желба и послужете веднаш со парчиња домашен леб. Добар апетит! К. А.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот