Совршено мезе за со пиво: Мини ќофтенца од месо и од компир на холандски начин

ќофтенца
Фото: Stuart Forster / Alamy / Alamy / Profimedia

Малите ќофтенца се вообичаена закуска во Холандија, која најчесто се служи како мезе за со пиво. Тие најчесто се прават од говедско месо, кое се обликува во топчиња и потоа се пржат додека не станат крцкави.

Некои готвачи додаваат печурки и компири во смесата, други пак, ги изостават, а наместо мајонез и чили, најчесто се јадат со сенф.

Состојки:

– 3 супени лажици путер
– 100 г кромид
– 100 г печурки
– 200 г мелено говедско месо
– 40 г брашно
– 250 мл млеко
– 400 г компири
– 2 лажички морско оревче
– 2 лажички сол
– 1 лажичка бел пипер
– 1/2 лажичка шеќер
– 40 г кашкавал (чедар)
– масло за пржење
– 2 чаши лебни трошки
– 3 јајца

ќофтенца
Фото: Frans Blok / Alamy / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Компирите сварете ги и испасирајте ги во пире. Растопете го путерот во тава на средна топлина. Пропржете го сечканиот кромид додека не стане проѕирен. Додајте ситно сечкани печурки и пржете ги додека не омекнат. Потоа додадете го меленото говедско месо и пропржете го додека не добие кафена боја. Додајте го брашното и мешајте додека смесата не се соедини. Полека додајте го млекото и продолжете со мешање додека сосот не стане густ и мазен. Додајте го пирето од компири, морското оревче, солта, биберот, шеќерот и ренданиот чедар. Добро измешајте и варете додека не испари вишокот течност. Тргнете од оган и оставете го на страна. Почекајте малку да се излади. Обликувајте ги топчињата. Извалкајте ги во лебни трошки, па во јајцата што претходно сте ги изматиле со виљушка и на крајот, повторно извалкајте ги во лебните трошки. Загрејте го маслото и пржете ги топчињата во врело масло додека не поруменат и не станат крцкави. Послужете ги со сос по ваш вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот