Совршено и едноставно јадење за посен ручек

Ви претставуваме јадење совршено за периодот за постење – компир со коприва.

Потребно ви е:

–  еден до два килограми компири

– 200 грама млади коприви

– еден морков

– едно врзопче млад кромид

– едно врзопче млад лук

– сол и бибер

– две лажици палента

– масло

– малку алева пиперка

Подготовка: Копривите исчистете ги и обарете ги една-две минути, па исцедете ги и исецкајте ги ситно. Кромидот исецкајте го и пропржете го и додадете ги и кругчињата моркови, па додадете ја и сецканата коприва.

Се измешајте. Додадете лажица палента и малку вода. Тавчето подмачкајте го и додадете ги копривите и распоредете ги. Исчистениот компир посолете го и додадете малку зачини, масло, бибер и малку алева пиперка и на крајот лажица палента. Се помешајте, па наредете го компирот врз копривата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот