Совршени за пролет и лето: Ладни супи – не се варат и готови се за миг

pexels

Ладните зеленчукови супи се одличен избор за топлите летни денови. Освен што за нивната подготовка потребни ви се неколку минути и не бараат варење, ладните супи од зеленчук се нeверојатно здрави и вкусни.

Изборот на зеленчук за подготовка на ладни супи е навистина разновиден: тиквички, домати, свежи краставици, но и овошје како диња – поради што нема причина да не уживате во овој деликатес. Една чинија ладна супа со некоја освежителна салата може да биде вкусен летен оброк, а зa да се заситите додајте парче пченкарен или црн леб, или пак препржени коцки од леб односно кубети.

Диња

Кога помислувате на супа, овошјето веројатно е последната состојка која би ја употребиле. Но, ладна супа од диња е токму вистинското освежување во врелите денови. Дињата помешана со кокосово млеко, босилек и пиперка, едноставно ќе ве воодушеви, а подготовката е повеќе од едноставна. Исечкана диња, една шолја кокосово млеко (во големите маркети се продаваат конзерви од ова млеко), сок од две лумети, две лажици свежо сечкан босилек, две лажици сечкано луто пиперче и малку сол измешајте во блендер. Миксирајте додека добиете хомогена смеса и по желба додајте уште малку сол, луто пиперче или сок од лимета.

Авокадо и краставица

Кога станува збор за летни рецетпи, авокадото е еден од најдобрите избори. Ладната крем-супа од авокадо и краставици е едноставна за подготовка, а ќе ве освои со вкусот. Во блендер ставите излупена и ситно сечкана свежа краставица, сечкано авокадо, половина шолја јогурт, малку сол, шеќер, сок од една лимета и малку мелен црн пипер. Миксирајте да добиете хомогена смеса, а за да биде уште повкусна супата, пред послужување изладете ја добро.

Супа од домати

По потекло од Андалузија, оваа ладна супа од домати има голем број обожаватели. Но, пробајте нешто поинакво, односно нејзината зелена варијанта. Црвените домати заменете ги со зелени и додајте изобилие од друг зеленчук, бидејќи токму тоа ја прави оваа супа неверојатно вкусна и здрава. И во овој случај ви е потребен блендер, па во него ставете зелени или црвени лупени домати, половина нелупена и грубо исечкана тиквичка, половина свежа кратавица, половина свежа пиперка, три млади сечкани кромитчиња, половина лута сечкана пиперка, малку сечкан свеж босилек или магдонос, малку маслиново масло, вода, сол и свежо мелен црн пипер и уживајте.ж

Гаспачо

На љубителите на вистински шпански рецепти сигурно ќе им се допадне класичниот гаспачо со изразито црвена боја. Пред да ги ставите состојките во блендер, излупете еден килограм црвени домати. Тоа најлесно ќе го направите ако ги полеете со врела вода и ги оставите да стојат една минута. Потоа измијте ги со ладна вода и нежно излупете ги. Исечете ги и исчистете ги од семето, па
исечкајте ги ситно. Потоа заедно со една лупена краставица ставете ги во блендер и додајте мала црвена пиперка, две чешниња лук, ½ филџан маслиново масло, едно тврдо варено јајце, по желба ¼ филџан оцет, сол и црн пипер.

Ѓумбир и цвекло

Неверојатно вкусна оваа ладна супа може да замени и цел оброк или да биде додаток со печено пилешко. Потребно е цвеклото да го испечете, а тоа можете да го направите и 48 часа порано, па да го оставите во фрижидер. Потоа во блендер ставете шест средни, добро испечени и изгмечени цвекла, два филџана растителна супа, лажичка мелен ѓумбир, лажица сок од лимон, малку сол и црн
пипер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот