Совршена лежалка за вашиот екстериер (фото)

Брендот „Roberti Rattan“ го претстави својот новитет, кој настана како дело на Антонија Де Марк и Симеоне Фанциулаки, а кој вашата дремка и уживање на отворено ќе ги пренесе на сосема ново ниво.

Atollo е новата макси лежалка на овој бренд, направена од челик, алуминиум и морска мрежа, а доаѓа во бројни конфигурации, за да ви помогне да создадете свој совршен рај на отворено.

Колекцијата започнува со структура на балдахин, која е опремена со накосен трем за седење направен од морска мрежа, парасол за совршена ладовина и завеси за дополнителна приватност.

Тука се и другите верзии без завеси, со полн душек, половина душек или кружни перници. Покрај тоа, постои и модел кој доаѓа без балдахин, но со исти опции за седење.

Вкупно, во колекцијата постојат единаесет верзии. Изборот е ваш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот