Совршен тренер: Комбинација на Клоп и Гвардиола

EPA-EFE/Nigel Roddis

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски знае како треба да изгледа совршениот фудбалски тренер.

Левандовски работеше и со двајцата тренери, Клоп го донесе Полјакот во Борусија Дортмунд во 2010 година, додека од 2013 до 2016 тренер во Баерн му беше токму Гвардиола.

– Кога бев член на Борусија, се обложив со Клоп дека ќе ми даде 50 евра доколку постигнам 10 гола на тренинг. На првиот тренинг дадов три или четири, а потоа седум или осум.

Три месеци подоцна можев на секој тренинг да постигнам по 10 гола. Тогаш Клоп ми рече дека за него тоа е премногу и не сака повеќе да се обложува со мене. Тој ми помогна да напредувам. Клоп е неверојатен и му верувате на секој негов збор – вели Левандовски.

twitter.com/FCBayern

Одличниот напаѓач признава дека фудбалски созреа под тренерската палка на Пеп Гвардиола.

– Многу научив од него. Често зборувавме за тактиката, што за мене претставуваше новост. Знаев дека тоа ќе биде добро за мојот напредок. Тие двајца се потполно различни тренери, а со нивната комбинација би добиле совршен тренер – вели Левандовски кој сезонава на 32 натпревари за Баерн постигна 38 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот