Совршен рецепт ако сте изморени од готвење: Брз колач со јогурт и лимон

Фото: Профимедиа

Ако ви е потребен одмор од многуте часови поминати во кујна и подготвувањето на празничните деликатеси, овој колач со јогурт и лимон е одличен избор за сите домаќинки.

По обилните, и веројатно многу калорични празнични трпези, вистинско време е за мала пауза кога се во прашање солените и слатките специјалитети. Многу домаќинки се изморени од приготвувањето на омилените јадења, па ако некојa сака помалку време да поминува во кујната, овој рецепт е одличен избор.

Колач од лимон
Состојки:

– сок од лимон
– рендана кора од два лимона
– 200 мл масло
– 2 јајца
– 150 гр шеќер
– еден ванилин шеќер
– 2 чаши јогурт
– 210 гр брашно
– прашок за печиво
– прстофат сол

Подготовка:

Сите подготвени состојки измешајте ги во еден поголем сад со миксер. Кога сѐ убаво ќе се соедини, сипете го тестото во калапот (подмачкан со масло и набрашнет).

Колачот печете го на температура од 160 до 180 степени околу 50-тина минути. Проверете со чепкалка дали колачот е готов, а готов е кога чепкалката чиста ќе „излезе“ од колачот.

По желба, колачот украсете го со шеќер во прав или со рендана кора од лимон.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот