Совршен хотел за љубителите на вино (фото)

Долгоочекуваниот Four Seasons Resort & Residences Napa Valley, конечно ги отвара своите врати…

Ова воедно ќе биде осмиот Four Seasons хотел во Калифорнија, а како исклучително раскошно место за одмор, ќе поседува свој сопствен виноград, ресторан со домашна винска карта, велнес и спа објект, како и совршено шармантни соби за гостите.

Новиот Four Seasons resort се наоѓа во Клистог заедницата, на час и половина возење од Сан Франциско и Сакраменто. Дизајниран од страна на Ерин Мартин, ресортот содржи осумдесет и пет соби и апартмани за гости, спа со голем број услуги, неколку отворени базени, широка тераса со поглед на прекрасната околина и изобилството од ложи каде што гостите можат да се опуштат и да уживаат во сонцето.

Исклучителниот тим на ова одморалиште секогаш може да понуди уникатни тури, од искуства посветени на љубителите на вино, посета на галерии и продавници за шопинг, па се до сценско возење низ долината и надвор од туристичките патеки, за оние кои уживаат во авантурите.

Исто така, ова одморалиште организира бројни настани, свадби и состаноци, нудејќи го својот ентериер и екстериер, вклучувајќи ја и балската сала. Тие имаат дури и амбар наменет за настани, како и градина во виноградот, со бројни опции за престој.

Ресортот исто така планира да ја лансира својата ограничена винска колекција, во соработка со Thomas Rivers Brown.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот