Совршен есенски пилинг на лице од костени

Една од најпознатите есенско-зимски намирници, костенот, е одличен за пилинг. Познати се хранливите вредности и лековитите својства на костенот. Плодовите на костенот се извондредно хранливи и содржат голем број на витамини и минерали, меѓу кои се магнезиумот, калциумот, калиумот, фосфорот, железото и витамини од групата Б.

Но, костенот се употребува и како една од популарните состојки во козметичката индустрија. На пример, совршен е за пилинг.

Пилингот од костени можете да го направите сами.

Во зовриена вода сварете 20 костени. Потоа, излупете ги, додадете половина чаша вода и две лажици маслиново масло и варете 15 минути, додека не добиете кремаста смеса. Добиената смеса оставете да се излади, и додадете 2 лажици крупна сол.

Смесата нанесете ја на лице и направете пилинг со нежно триење.

Отстранете го пилингот со млака вода. Резултатот е почиста, помазна и посвежа кожа, од која е остранет уморниот изглед и подочниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот