Советот за безбедност на ОН за Либија одржа итна седница: Нема согласност околу осудата за нападот на мигрантите

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Советот за безбедност на Обединетите нации одржа итна седница за Либија зад затворени врати, но диплимати велат дека САД спречиле ова тело на ОН да издаде соопштение во кое го осудува воздушниот напад на мигрантскиот центар во Либија, во кој загинаа 44, а повредени се повеќе од 130 мигранти.

Како што пренесуваат светските агенции, претседавачот со советот за безбедност, перуанскиот амбасадор Густаво Меза – Суадра најави дека ќе биде објавено соопштение со осуда за нападите, но дека се уште нема согласност околу текстот.

Според дипломатите во СБ на ОН, САД очекуваат инструкции од Вашингтон.

Претходно генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика да се спроведе независна истрага и одговорните за нападот да бидат изведени пред лицето на правдата.

Либиската Влада со седиште во Триполи за нападот ги обвини силите на либиската национална армија и генералот Калиф Хафтар, кој веќе три месеци води офанзива над Триполи.

Меѓутоа, силите на Хафтар тврдат дека гаѓале воена локација во близина, а не прифатен центар за мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот