Советот за безбедност на ОН изрази длабока загриженост за состојбата во Мјанмар

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Советот за безбедност на ОН денеска усвои декларација за Мјанмар, во која изразува „длабока загриженост” за наметнатата вонредна состојба и бара ослободување на „сите уапсени”, наведоа дипломатски извори.

Текстот на декларацијата, составен од Велика Британија, не го осудува воениот удар, како што беше предвидено во првата верзија од документот, претставен на вчерашниот вонреден состанок на СБ на ОН.

Кина и Русија беа против првичната формулација, соопштија дипломатски извори.

Декларацијата повикува на враќање на дијалогот и демократскиот процес во Мјанмар.

-Подобро е да имате текст што вели помалку отколку никаков текст, изјави неименуван дипломат на Ист Ривер, додавајќи дека со Кина се воделе тешки преговори за текстот на декларацијата, затоа што оваа постојана членка на СБ на ОН го поддржува Мјанмар.

Дипломатот додаде дека кинеските власти сметаат дека ситуацијата во Мјанмар е внатрешно прашање на оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот