Советот за безбедност изгласа резолуција за Авганистан

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва усвои резолуција со која се бара „брзо и безбедно отворање“ на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул по повлекувањето на Соединетите држави од Авганистан.

Авганистанците бегаат од Талибанците на аеродромот во Кабул/Фото: Screenshot Twitter: @sudhirchaudhary

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција доставена до Советот на САД, Франција и Обединетото Кралство, со која се бара Авганистанците и сите странци во земјата да можат безбедно да ја напуштат земјата по копно или воздух.

Тринаесет земји ја поддржаа резолуцијата, додека Русија и Кина беа воздржани.

„Мора да се стори сé за да се осигура дека аеродромот во Кабул и неговата околина ќе се отвораат во најбрз можен рок и безбедно“, се вели во резолуцијата.

Советот остро го осуди терористичкиот напад во близина на аеродромот извршен од терористичката организација ИСИС, што се случи во Кабул на 26 август, и побара авганистанската територија да не стане место што се заканува на која било земја, крие терористи или се користи за организирање терористи напади врз други земји.

Видео на денот