Советот на општина Струга воведе мораториум за градбите

Струга/ Фото: МИА

Денеска во советот на општина Струга беше изгласан мораториум за градба и акциски план, според кој би требало да се спроведуваат препораките дадени од Унеско.

Воведувањето на Мораториумот за градби во Струга се случи без присуство на градоначалникот Рамиз Мерко.

Од општината соопштија дека е мал бројот на дивоградби, но сепак тамошните советници тврдат дека градежната инспекција има донесено илјадници решенија за отстранување на бесправно изградените објекти.

Според акциониот план, планирано е целосно затворање на градската депонија до средината на 2020-та, до изградба на регионалната депонија, а чистењето на сите диви депонии е со рок до крајот на 2020.

Акциониот план на Струга го опфаќа и враќањето на нелегално изградените плажи на потегот од Струга до Калишта од заштитениот појас во првобитна состојба, што пак, треба да се случи до мај 2020-та.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот