Советот на општина Дебар усвои предлог – список за нови имиња на улиците, плоштадите, населбите и мостовите

Дебар, Фото: МИА

Советот на општина Дебар, на денешната 47-та редовна седница едногласно го усвои Предлог-спсокот со нови имиња на улици, населби, плоштади и мостови во општината.

При изгласувањето на беше запазен и принципот на гласање според Бадентер.

– Ви благодарам на сите. Се гордеам со вас, кусо изјави претседателот на Советот, Башким Машкули, по гласањето.

Во листата повеќе ги нема имињата на улиците поврзани со поранешна Југославија (ЈНА, Едвард Кардељ…), но и на првоборци и учесници во НОВ (Видое Смилевски-Бато, дебраните Здравко Чочковски, Таса Мартиновска…). Остануваат досегашните имиња на улиците Илинден, Гоце Делчев, Никола Карев, на дебарските народни херои Ибе Паликуќа и Лиман Каба, како и првоборци Павле Џиковски и Зија Мерсоски.

Најголем број од имињата се на личности и настани од албанската историја и култура и Албанци од Дебар.

Трите плоштади ќе го носат името Скендербег и Илирија, како и до сега, додека третиот плоштад ќе се именува Елез Исуфи (национален стратег по потекло од Пешкопеја-Албанија). Мостот Рајчица се преминува во Дебарски Мост, додека Мелнички Мост во Мостот на Радика. Нови имиња ќе добијат населбите Венец еден (Уранику), Венец два (Пенестија) и населбата Депласт (Мост Селам).

Ова не е првпат Советот на општината да усвојува ваква листа. Првпат тоа беше во 1996 а вториот пат во 2010 но иницијативата не беше до крај реализира. Според законската регулатива, како што беше речено, предлогот ќе биде доставен до министертвото за транспорт, по што Советот ќе треба да донесе одлука.

Советот расправаше и по други прашања од негова надлежност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот