Советот на обвинители незадоволен од извештајот за „Рекет“
Два дена по апсењето на Катица Јанева, Обвинителството испрати официјално писмо до Советот на обвинители во врска со развојот на случајот „Рекет“. Вториот човек на Советот, Меџит Јусуфи за Алсат изјави дека информациите испратени до Советот од страна на Обвинителството не биле целосни. Поради тоа, Советот уште еднаш бара од Обвинителството за организиран криминал да достави целосни информации или на седницата на Советот во понеделник самата обвинителка Вилма Рускоска да се појави кај нив за да каже повеќе информации за предметот. Заменик-претседателот на Советот на обвинители, Меџити вели дека по целосните информации што ќе ги добијат, Советот ќе подготви извештај што ќе биде испратен до Собранието.
Специјалната обвинителка Лиле Стефанова, која ги води предметите „Титаник“ и „Империја“ денеска изјави дека нема амбиција да ја замени Катица Јанева.
Во врска со наследникот на Јанева, премиерот Зоран Заев рече дека мора брзо да се одговори на законот со назначување на. вршител на должноста шеф на СЈО.