Советот на министри за надворешни работи на ЕУ на 19 април ќе расправа за ситуацијата во Украина

Фото: EPA-EFE/DAVE MUSTAINE

Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, преку видео-конференциска врска,  на 19 април ќе расправа за сите аспекти на ситуацијата во Украина. На состанокот ќе бидат опфатени и прашањата за руските ограничувања за бродската пловидба во некои области од Црното Море, во близина на Крим, изјави портпаролот на ЕУ за надворешна политика Питер Стано.

-Министрите в понеделник ќе разговараат за сите аспекти на ситуацијата, вклучувајќи и за последната изјава на Русија за ограничување на пловењето, рече Стано на денешниот редовен брифинг.

Според него, ЕУ нема јавно да ја разгледува можноста за воведување нови санкции кон Русија, туку прашањето за зајакнување или намалување на ограничувањата ќе се дискутира зад затворени врати.

-Ние никогаш не разговараме за процесот на подготовка на нови санкции. Сите постојни режими се разгледуваат и секогаш постои можност да се прошират или намалат доколку престане злонамерната активност и веќе нема никаква основа за нив. Доколку решиме да воведеме нови санкции, никогаш тоа нема да го коментираме јавно. Оваа постапка е затворена , рече Сатно на прашањето дали ЕУ има намера да покаже солидарност со САД за воведување ограничувачки мерки против Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот