Советот на министри разочаран од Косово: Нема визи, таксите веднаш да се укинат, големи критики за Владата

Архива на СП

Остар и многу критичен кон Владата во Приштина и патот по кој се движи оваа поранешна покраина кон европските интеграција, е делот од заклучоците на Советот на министри на Европската унија за Косово, што речиси не се согласува во ниту една точка со владеачките практики на владата на Харадинај.

“Одлуката околу предлогот за визна либерализација во моментов се разгледува од Советот”, додека “заокружувањето, без понатамошно одложување, на договорот со Србија, со олеснување на високиот претставник, е од суштинско значење Косово и Србија да се движат кон соодветните европски патишта”.
“Таксата од 100 отсто кон српската стока треба веднаш да се укине”. Ова се клучните точки на Заклучоците на Советот на министри на Европската унија, кои ќе бидат усвоени на денешниот состанок и кои Клан Косова информира дека ги обезбедила во целост.

Според истиот медиум, во тринаесет од четиринаесетте точки одобрени од Советот, се бара промена – било нова динамика или различна позиција од онаа што во моментот ја има владата во Приштина. Од официјална Приштина се бара да ги промени своите позиции.

Критиките на Советот на министри се особено сериозни за таксите кон производите со потекло од Србија и Босна и Херцеговина, за вработување на луѓе со кривични постапки (и осуденици за воени злосторства), за неспроведување на Асоцијацијата, поради неотворање на мостот во Митровица, и за начинот на кој се третира Специјалниот суд.

Но, за Косово, најтешкиот дел треба да биде во последната точка која зборува за визната либерализација за граѓаните на земјата, која завршува со реченицата дека оваа одлука се уште се разгледува. Како што се истакнува, во поглед на данокот, барањето е цврсто: тој не е во европскиот дух и ја попречува регионалната соработка, а со тоа и дијалогот помеѓу Приштина и Белград.

Убави зборови има само во усвојувањето на неколку закони, кои останува да бидат имплементирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот