Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за Јанева

Фото: Слободен печат

Советот за јавни обвинители денеска треба да одлучува дали ќе започне постапка за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментов е во притвор во за предметот „Рекет” на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

На седницата, како што информираше вчера за МИА претседателот на Советот Коле Штериев, ќе се одлучува дали Советот ќе оцени да започне постапка за разрешување на Јанева и да донесат извештај.

Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста поради тајноста на истражната постапка која што сеуште е во тек.

Штериев, минатата недела соопшти дека до нив е доставен извештајот, но дека не се комплетирани списите за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Штериев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, пак, Советот на јавни обвинители е тој што треба да решава и за местото прв човек на СЈО. Тој се повикува на Законот за јавното обвинителство каде во ваков случај треба да реагира Советот и да назначи вршител на должноста. Тоа, според него, би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот