Советот на ЕУ ја одложи дебатата за Западен Балкан за мај

Европски совет/ Фото: EPA-EFE/Riccardo Pareggiani / POOL

Од Советот на ЕУ потврдија попладнево дека дебатата за Западниот Балкан е повторно одложена, овој пат за мај, јави дописничката на МИА од Брисел.

И покрај притисоците на речиси половината земји членки на ЕУ, и заложбата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, западниот Балкан, сепак, нема да биде на дневен ред на 19 април на Советот на ЕУ за надворешни работи, потврдија од прес службите на оваа институција.

За потсетување Западен Балкан од декември лани не е вратен на дневниот ред во Советот на ЕУ, а во декември за првпат немаше ниту заклучоци за проширувањето и земјите од регионот, како што е обичај.

Ова се должеше на инсистирањето на Бугарија во овие заклучоци да се вметне реченица поврзана за „погрешното толкување на историјата”, што беше неприфатливо за повеќе земји, меѓу кои Чешка и Словачка.

Прага и Братислава тогаш порачаа дека за да се разговара за вакви теми потребна е повторна министерска средба.

Од Советот на ЕУ велат дека на 19 април нема да има доволно време за дебата за Западен Балкан, а проблем е и фактот што средбата се одржува преку видеоконференција, а не физички.

Дебатата е одложена во принцип за првата половина на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот