Советот на амбасадори бара реформи, а не избори

Додека Франција го чека одоговорот за нон пејперот кој ги содржи „чекорите“ за членство во ЕУ и од членките и од Македонија, Советот на амбасадори излезе со барање – пролетните избори да се одложат за да може да се продолжат рефомите потребни за добивање на датумот за преговори.

Во соопштнието до медиумите бараат партиите да се откажат од избори на 12 април, бидејќи треба да се заокружат реформите поврзани со усвојување на новите француски правила и критериуми за полноправно членство во ЕУ. Екс амбасадорите, ги повикаа партиските лидери да се договорат за нов изборен датум кој би бил некаде на почетокот на летото. Ако нема договор тогаш тие бараат предврмените парламентарни избори да се одржат во редовниот термин на крајот на 2020 г. Наведуваат дека целта на барањето за одложување на изборното соочување е институциите да останат ефикасни во време кога Европа бара спроведување на реформи.

– Со таков потег политичките партии претставени во Собранието, владата и другите институции тоа време наместо да одржуваат предизборни митинзи и изборни активности би се фокусирале на исполнување на евроинтеграциската агенда на земјата и на неопходните реформи во изборната регулатива согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР и барањата на малите партии и граѓаните, стои во соопштението на Советот на амбасадори.

Денеска на темата реформи говореше и Министерката за правда Рената Дескоска. Рече дека октомврискта одлука на ЕУ со која Македонија не го доби датумот за отпочнување на преговорите, не го стопирал реформскиот процес во нашата држава.

– Реформите пред сѐ се одвиваат поради интересот на нашите граѓани. Жалам што не се овори процесот на преговорите бидејќи препораките на ЕУ се исполнети, рече Дескоска на средбата со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост Вера Јурова.

Денеска и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во духот на правната држава како еден од врвните приоритети на новата методологија рече дека Франција ги чека одговорите и од членките на Унијата за францускиот план за проширување и од Македонија. Во документот доставен и до инстиутциите, реверзибилноста останува клучно барање на Франција. Како можност за разгледување, а не како конкретно барање е ставено – отворање на структрните фондови кои досега беа наменети само за земјите членки.

Според Тимоние најважно од сѐ е почитувањето и функционирањето во пракса на правната држава. Тоа е работа за која се согласуваат сите, рече францскиот амбасадор во земјаа.

Со новите правила Франција бара исполнување на 4 принципи – постепено пристапување, построги услови, материјални придобивки и реверзибилност на процесот.

А последното праволо реверзибилноста, во зависност од сериозноста на проблемот ќе се однесува од повлекување на финансиите до стопирање на процесот.

Одговорот на Европската унија би бил постепен. Тој би бил пропорционален со големината и сериозноста на забележаниот неуспех: од суспендирање на придобивките, до чекор наназад во процесот, или дури и општа суспензија ако се оспорат основните вредности на Европската унија (како што може да се случи во тековниот процес).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот