Советот го одобри новиот состав на Европската Комисија

Тимот на избраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајн, доби зелено светло од Советот на ЕУ утрово, останува новата ЕК да биде одобрена од страна на Европскиот Парламент во среда.

Новите 25 еврокомесари, заедно со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, беа одобрени на денешната седница на Советот на ЕУ, со што се отвора патот за гласањето на европратениците.

Советот и Парламентот се двете ко-одлучувачки тела на Европската Унија.

Европскиот Парламент ќе треба да гласа за целокупниот состав на новата Европска Комисија. Очекувањата се дека тој ќе помине, но со тесно мнозинство. Доколку пратениците ја поддржат новата Европска Комисија, таа би требало да почне со работи на 2 декември.

Европските комесари се назначени од секоја земја членка на ЕУ, но Обединетото Кралство, и покрај барањата на Фон дер Лајн, не испрати свој кандидат поради изборната кампања која е во тек.

Брисел отвори прекршочна процедура пред десет дена против Лондон, а Советот денес уште еднаш ја потсети британската Влада дека сѐ додека е формално земја членка на ЕУ мора да ги почитува сите свои обврски согласно правото на ЕУ.

Обединетото Кралство треба да ја напушти ЕУ на 31 јануари 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот