Советодавниот одбор на ЦДЦ на 23 април ќе одлучува дали да ја продолжи паузата за вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Американски панел експерти ќе се состане следната недела за да разговара дали да се продолжи со паузата во употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против ковид-19, откако одлуката за тоа беше одложена претходно оваа недела.

Советодавниот одбор на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ќе се состане на 23 април, според известувањето на веб-страницата на регулаторот.

Здравствените регулатори на САД, по шест случаи на ретки згрутчувања на крвта во мозокот кај жени, препорачаа да се паузира со употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Советодавниот комитет во средата побара дополнителни информации пред да се одлучи како и дали вакцината која се дава во една доза, ќе продолжи да се администрира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот