Советникот за наука на Бајден поднесе оставка

Ерик Ландер/ Фото EPA-EFE/ERIN SCOTT / POOL

Главниот советник за наука на американскиот претседател Џо Бајден, Ерик Ландер, поднесе оставка по извештаите за вознемирување на подредени лица.

Оставката следуваше и покрај првичното инсистирање на Белата куќа, Ландер да остане на својата позиција и да примени корективни мерки во обид да обезбеди подобра работна средина во американската Канцеларија за наука и технологија, пренесува порталот „Политико“.

– За мене беше голема чест да служам како ваш советник за наука и да работам со моите исклучително талентирани колеги во Канцеларијата за наука и технологија (OSTP), напиша Ландер во писмото со оставка до претседателот.

Тој додаде дека неговата оставка ќе стапи во сила најдоцна до 18 февруари за да се овозможи правилен трансфер.

– Погоден сум од болката што им ја нанесов на моите поранешни и сегашни колеги со начинот на кој зборував со нив, додава тој во писмото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот