Советникот на Зеленски го исмеа Путин: НАТО му се приближува до неговиот роден град

Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, го исмеа рускиот претседател Владимир Путин на Твитер откако Турција одлучи да се откаже од приговорите за членството на Шведска и Финска во НАТО, со што им ги отвори вратите на воената алијанса на овие две земји.

„Нема да дозволиме НАТО да се приближи до нашите граници“, извикуваа тие во Москва кога започна војната. Сега Алијансата се приближува до предградијата на Санкт Петербург, родниот град на Путин. Сè е во согласност со планот, нели? важно е да не се надигрувате себеси“, објави Подољак на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот