Советникот на Трамп за Русија и Европа поднесе оставка

Фото: Smialowski / AFP / Profimedia

Советникот за Русија и Европа на американскиот претседател, Тим Морисон, поднесе оставка во пресрет на сведочењето пред американскиот Конгрес во рамки на процедурата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Морисон, претставник на американскиот Совет за национална безбедност, „одлучи да се сврти кон други можности”, наведе неименуван висок претставник на администрацијата, пренесоа американските медиуми.

Тој додаде дека Морисон „веќе некое време размислувал за напуштање на администрацијата”.

Морисон во четврток треба да сведочи во Претставничкиот дом на Конгресот. Тој е еден од функционерите кои присуствувале на телефонскиот разговор на Трамп со претседателот на Украина во јули годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот