Советник на Наќе Чулев позитивен на ковид-19

Наќе Чулев/Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Мухамет Исмаили, советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев е позитивен на ковид-19. Од МВР велат дека Исмаили не се инфицирал додека извршувал работни задачи.

„Имаили последен пат бил на работа на 2 јуни, а тестот го направил на 6 јуни кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба министерот Наќе Чулев со неговиот советник ја имал на 24 мај. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација, се вели во информацијата на МВР и се додава дека министерството ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени“ велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот