Советник на Џонсон поднесе оставка поради расистички коментари на интернет

Советник на британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка поради неговите коментари на интернет дадени пред извесно време во кои тој ги поврза интелигенцијата на личност со раса.

Во своја порака на интернет, Ендру Сабиски наведува дека афроамериканците имаат пониска стапка на интелигенција од белите Американци.

Покрај тоа, во една публикација во 2014 година, Сабиски пишува дека начинот на прекинување на несаканите бремености „што доведува до создавање постојана пониска класа” е да биде воведено користење контрацепција.

Во објавата на Твитер, советникот напиша дека се повлекува бидејќи не сака да биде некој што предизвикува проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот