Советниците во градскиот Совет не го сфаќаат сериозно аерозагадувањето, тврдат од „Зелен хуман град“

Советниците од „Зелен хуман град“ сметаат дека советниците од другите групи застапени во Советот на Град Скопје не го сфаќаат сериозно проблемот со загадувањето. Како што објаснуваат од граѓанската иницијатива, уште пред една недела е испратено барање до сите градски советници за да се одржи координативна средба на која би се дискутирало за 15 – те предлози што ги подготви ЗХГ за намалување на аерозагадувањето што може локалната самоуправа да ги спроведе.

Идејата на таа координативна средба е да се согласиме за сет мерки, да ги ставиме на дневен ред на седница и да ги изгласаме без театар. Но за жал, советниците од другите советнички групи сè уште немаат одговорено на барањето за координативна средба – посочуваат од „Зелен хуман град“.

Оттаму објаснуваат дека уште на 22 јануари е испратен мејл со вакво барање до советниците на кој нема одговор, истото барање потоа и јавно е кажано од говорница на последната седница на Советот, па директно е разговарано со советниците, кои вербално, како што велат, се согласуваат на координација, но не може да се договори време и датум за одржување на средбата.

 4.000 луѓе годишно предвремено ни умираат од аерозагадување! Илјадници други имаат респираторни и други заболувања од загадениот воздух! Ги повикуваме сите советнички групи да си ги усогласат делата со зборовите што ги искажуваат! Ние сме платени од граѓаните за да им го унапредиме квалитетот на живот, а не нивните проблеми да ги злоупотребуваме за политички поени! – велат од „Зелен хуман град“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот