Советниците на Левица побараа укинување на ДУП во Карпош

дуп карпош
Советниците на Левица во Општина Карпош поднесоа предлог одлука за укинување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт 3 06, Блок 3 06.09, Фото: Фејсбук

Советниците на Левица во Општина Карпош поднесоа предлог одлука за укинување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт 3 06, Блок 3 06.09, со кој се опфаќа просторот кај средното училиште „Здравко Цветковски“, донесен на 60. седница на Советот на Општина Карпош одржана на 30 август годинава.

Како што се вели во соопштението од советниците, во овој ДУП, меѓудругото, зацртана е висококатница со висина од 32 метри со што, според нив, ќе се уништи речиси целото зеленило кај Заводот за урбанизам и архитектура и Институтот за социолошки и правни истражувања, односно на аголот кај булевар Партизански одреди и булевар 8 Септември.

Од Левица сметаат дека изгласувањето на овој ДУП било нетранспаренто, затоа што одржувањето на седницата во јавноста било обелоденето само два часа пред почетокот со што не бил оставен простор јавноста да присуствува на седницата.

-Како член на советот на Општина Карпош, а застапувајќи ги интересите на жителите, сметам дека носењето на овој ДУП во голема мерка ги повредува интересите не само на жителите на Општина Карпош туку и на Град Скопје. Жителите на околните станбени згради едногласно беа против овој ДУП односно зградите, волја што треба(ше) да биде инкорпорирана во планирањето на просторот – смета Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош и член на комисијата за урбанистичко планирање.

Советниците очекуваат оваа предлог одлука да биде ставена на дневен ред уште на следната седница на Советот на Општина Карпош и најавуваат дека во наредните денови ќе поднесат предлози за укинување и на други детални урбанистички планови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот