Советничката на Пенс му врти грб на Трамп: Тој воопшто не се грижеше за пандемијата, само за изборите

Поранешната советничка на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, Оливија Трој, го критикуваше одговорот на Трамп на пандемијата и рече дека планира да гласа за Џо Бајден.

Републиканката Оливија Трој беше главен координатор на активностите на кризниот штаб за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, предводена од Пенс, а Белата куќа ја напушти во јули.

На видео објавено од групата „Републикански гласачи против Трамп”, Трој вели дека администрацијата на американскиот претседател кон средината на февруари веќе знаела дека Ковид-19 ќе стане голема пандемија во САД, но оти Трамп не сакал да слуша за тоа, бидејќи најголема грижа му биле изборите и како таквата ситуација ќе влијае на неговата репутација кај гласачите.

– Вистина е дека тој навистина не се грижеше за никого освен за себе, рече таа во видеото.

Ако претседателот сериозно го сфатеше вирусот … ќе спречеше ширење на вирусот, ќе спасеше животи, додава Трој.

Трамп изјави дека никогаш не ја запознал Оливија Трој и оти таа напишала „прекрасно писмо” по напуштањето на Белата куќа, во кое ја фали администрацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот