Советничка група на ВМРО-ДПМНE: Реконструкцијата на Универзалната сала е нова лага на Шилегов, немаат проект, ниту план

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје со реација за реконструкцијата на Универзална сала.

Ја пренесуваме реакцијата во целост:

Новата лага на Шилегов се вика реконструкција на Универзалната сала. Оваа негова нова шарена лага се гледа од авион. Нема пресметка за тоа колку би чинела најавената реконструкција, нема план, ниту проект за реализација.

Откако три години купија со лагата за дислокација сега смислија нова.

Претходната власт на ВМРО ДПМНЕ на Петре Шилегов им остави два завршени проекти. Еден за комплетно нова сала на истото место и вториот проект за темелна реконструкција со проширување на истиот. Бидејќи поминаа три години, а ниту една од можностите не ги искористија, јасно е дека Петре Шилегов “мати празна слама” и продава басни додека Универзалната сала пропаѓа. За три години кое и решение оставено од Трајановски да го искористеше денес Скопје ќе имаше нова сала.

На Скопје му треба градоначалник, не шминкер.

Во прилог едно од идејните решенија кои му беа оставени на Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот