Совети за фарбање на косата во домашни услови

Фото Профимедиа

Бојадисувањето на косата е сосема изводливо во домашни услови, а ако ги следите овие совети, тогаш лесно ќе успеете да ја средите косата самите дома.

Секако, ако сакате да правите омбре, балајаж или друга посложена техника, најдобро е да отидете на фризер. Но, доколку практикувате еднобоен изглед, можете да користите бои купени во парфимерија.

Следете ги само овие совети, за успешно да се офарбате дома:

Проверете дали сте алергични

Измешајте сосема малку боја со капка хидроген и ставете на кожата на раката. На овој начин најдобро ќе забележите дали ќе ви се појави алергиска реакција.

Заштитете ја кожата

На челото, вратот и околу ушите ставете мрсна крема, за да избегнете дамки по фарбањето. Следете ги советите на упатството за користење.

Обезбедете прибор

Потребен ви е чешел за раздвојување на косата, пластичен сад каде ќе ја мешате бојата и штипалка за коса за да не ви се меша обоената со сувата.

Проверете колкава количина ви треба

Во зависност од должината на косата, може да ви требаат две пакувања боја за целосно да се офарбате. Иако на кутијата пишува дека една боја е доволна за должина до рамениците, всушност има многу помалку, бидејќи треба да биде убаво покриено секое влакно.

Прво фарбајте ги корените на косата

Прво се бои израстокот, а потоа остатокот од косата. Корените се бојат темелно, а на остатокот од косата можете да нанесувате со четка или со раце, заштитени со ракавици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот