СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ: Која е најудобната положба за стапалата, рацете и главата во автомобилот?

Фото: Принтскрин

Постојат неколку правила за безбедно возење кои секој возач би требало да ги почитува.
Оптималната положба при возењето ќе ви овозможи да се чувствувате поудобно зад волонот, но со тоа ги намалувате и шансите за посериозни повреди во случај на судир.

Прочитајте ги следнице неколку основни правила кои се однесуваат за држење правилна положба при возењето:

Стапала

Десната пета би требало да биде сместена на подот од автомобилот меѓу гасот и кочницата. Стапалото треба комотно да се префрлува меѓу педалата, без притоа да се подигнува од подот.
Левата пета треба удобно да биде сместена на посебно место од левата страна и треба постојано да стои овде, освен кога ја користите кочницата.

Нозете и грбот

Колената треба да ви бидат благо свиени, не само поради удобност, туку и затоа што на тој начин му помагаат на телото подобро да се справува со тресењето на автомобилот, посебно кога ќе наидете на некоја дупка по патиштата.

Грбот би требало да биде исправен на седиштето. Придвижето го седиштето напред, со цел да не бидете подалеку од педалата и воланот.

Волан

Повеќето модерни автомобили имаат бројни подесувања за волан, што е многу важно поради воздушните перничиња. Воланот треба да биде суштен надолу што е можно повеќе, а притоа да не го блокира вашиот поглед на инструменталната табла.

Идеална ситуација би била да гледа кон вашите гради, а не кон лицето, а оддалеченоста од вас и средината на воланот би требало да изнесува отрпилика како една А4 страница.
Во случај воланот да е поблиску до вас, вие ризикувате да бидете повредени при активирање на воздушните перничиња во случај на судир.

Поддршка за глава

Држачите за глава на седиштата се овде за да пружат поддршка во случај на нагол удар, со цел да ги намалат евентуалните повреди на вратот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот